Георгиева: ММФ се подготвува за реконструкцијата на Украина

Од:

Директорката на Меѓународен монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева изјави дека ММФ заедно со меѓународните партнери се подготвува за брзо да и помогне на Украина.

– ММФ обезбеди дополнителни 1,4 милијарди долари помош за непосредните потреби на Украина. Минатата недела отворивме и специјална сметка, преку која на безбеден начин може дополнително да се финансира Украина. И, заедно со меѓународните партнери, се подготвуваме за потребните масивните напори за реконструкција, наведе Георгиева.

Таа истакна приоритети на светот сега се ставање крај на војната во Украина, справување со пандемијата и борба против инфлацијата и долгот.

– Од глобалното искуство знаеме дека конфликтот е непријател на развојот и просперитетот. Високата цена на војната осакати и продолжува да осакати толку многу земји. Бидејќи се надеваме на мир, мораме да направиме сè што можеме за да и помогнеме на Украина и на сите погодени земји, истакна Георгиева.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“