Франција ја враќа својата амбасада од Лавов во Киев

Од:

Франција денеска соопшти дека нејзината амбасада во Украина ќе се врати во главниот град Киев од западниот град Лавов, каде што беше преместена на почетокот на март по руската инвазија.

„Ова преместување ќе се случи многу наскоро и ќе и овозможи на Франција дополнително да ја продлабочи својата поддршка за Украина во сите области со цел да се спротивстави на војната што ја започна Русија на 24 февруари“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан го соопшти ова за време на телефонскиот разговор со неговиот украински колега Дмитро Кулеба.

Официјален Париз продолжува да ги советува своите граѓани да не се враќаат во Украина, вклучително и во Киев.

Франција ја поддржува Украина преку воена опрема, хуманитарна помош и помош во истрагата за злоупотребите, наводно, извршени од руските сили врз украинските цивили.

Француската влада додели 100 милиони евра хуманитарна помош за Украина и соседните земји, вклучувајќи ги Полска и Молдавија, кои примија многу украински бегалци.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Двајца загинати во рускиот напад на Суми, соопшти Зеленски

А1он

Во 13 украински региони дојави за наводни мини во државните институции

А1он

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина