Побарувачката на 5Г опрема го зголеми тримесечниот приход на Ериксон

Од:

Шведскиот производител на телекомуникациска опрема Ериксон денеска соопшти дека бележи зголемување на приходите во првиот квартал, благодарение на побарувачката за опрема за 5Г мрежите.

Компанијата наведува дека од јануари до март приходите се зголемени за 11 отсто и изнесуваат 55,1 милијарди круни (1,68 милијарди евра).

Прилагодениот оперативен профит, пак, забележа ист процентен пад, намалувајќи се на 4,7 милијарди шведски круни.

Ериксон на почетокот на годината, компанијата забележа зголемена побарувачка за опрема за мобилни мрежи од новата генерација, бидејќи Европа со забрзано темпо се подготвува за роботизација на производството. Граѓаните, пак, бараат пренос на податоци за дигитални услуги како што е стриминг што е можно поскоро.

Но, добивката на Ериксон беше намалена за резервација од 95 милиони долари поради суспензијата на бизнисот во Русија по нејзината инвазија врз Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица