Во операција на израелската армија во Западен Брег убиени се две лица, а четворица се повредени, соопштија палестинските власти.
Според Министерството за здравство во Рамалах вооружениот инцидент се случил во близина на Џенин.
Израелската армија соопшти само дека презела антитерористичка операција во Западен Брег.
Изминатите две недели ситуацијата во Западен Брег е тензична по четирите палестински напади при што загинаа најмалку 10 Израелци.
Израелската армија ги засили своите антитерористички операции, како и акциите против илегалните палестински работници во окупираниот Западен Брег.
Израел стравува од натамошно насилство за време на муслиманскиот месец Рамазан, што почна на почетокот на месецот, додека Пасха почнува во петок.
Извор: МИА