Претрес во скопско Љубанци, пронајдени оружје и муниција

Од:

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје во координација со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со оружје и експлозивни материи при СВР Скопје, ЕВР – Одделение за криминалистички работи Чаир и Единицата за службени кучиња, по претходно добиена наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес на дом и други простории кај 75-годишниот Д.К. од село Љубанци, информира МВР.

При претресот се пронајдени еден револвер „Застава“, еден револвер “Ekol viper”, еден сигнален пиштол, три рамки за муниција, две цевки – пригушувачи, 24 куршуми, шест рамки од пушки, еден самострел “Lightning by Barnett”, четири стрели за самострел, соопшти МВР.

Д.К. е лишен од слобода, приведен и задржан во полициска станица, во текот на денот ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесен поднесок за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари