ВМРО-ДПМНЕ: Шиповиќ требаше да го осуди вчерашниот настан

Од:

Мирослав Шиповиќ како претседател на Советот требаше денес да излезе со осуда и да се извини поради попречувањето на присуството на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, предизвикано од страна на активисти на СДСМ и ЛДП, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на Шиповиќ.

„Ако Шиповиќ не знае кои се тие луѓе како што вели, го повикуваме заедно со Андреј Жерновски да ги повика на утрински состанок во општината партиските активисти, кои се на платниот список на општината и на товар на граѓаните на Центар и нека ги праша зошто не дозволија учество на советниците на ВМРО-ДПМНЕ во работата на Советот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Само така јавноста ќе може да му поверува на Шиповиќ. Во спротивно ќе сметаме дека тоа се лицата под директна команда на СДСМ и Жерновски, намерно и свесно ја попречуваат работата на Советот.

– Патем Мирослав Шиповиќ нека излезе и нека каже колку пари ја чини општината вчерашниот приватен партиски собир пред Бристол, колку пари за дневници се потрошија и колку нови дрва можеа да се засадат со тие пари.

– Исто така Шиповиќ да каже кој се офајди од милионите евра од кириите овие дваесет години, дали искрено сметаат дека некој може да верува дека петте дрва може да се причина за ова насилство кое СДСМ го промовира и го упатуваме ако нема одговор на ова, пак да се консултира со Бранко Црвенковски, како што секојдневно прима наредби од него“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

(ВИДЕО) Манасиевски: Неспособноста на Филипче и СДС се покажа во ковид кризата

ВМРО-ДПМНЕ: Како Заев стигнал до златна виза во Дубаи?

ВМРО-ДПМНЕ: Тендер тандемот Филипче-Заев во ек на Ковид кризата поништил тендер за томографии, па објавиле нов за 15 милиони денари поскап

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче наместо Клинички центар изгради полигон за семејни тендери, корупција и скандали