Инфлацијата на потрошувачките цени во Германија го достигна највисокото ниво од повторното обединување, покажуваат конечните податоци од Федералниот завод за статистика (Destatis).
Индексот на потрошувачките цени е зголемен за 7,3 проценти на годишно ниво, додека во февруари изнесуваше 5,1 отсто, што е најбрзата стапка од обединувањето на Германија.
Податоците покажаа дека цените на артиклите се зголемени за 12,3 проценти поради зголемувањето на цените на енергенсите за 39,5 отсто.
Додека цените на храната се зголемени за 6,2 проценти, а цените на услугите забележа раст од 2,8 отсто.
Извор: МИА