Вчера на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа голем руски конвој со воени возила, а Си-Ен-Ен го геолокализираше и потврди дека е снимката е направена во рускиот регион Ростов.
Возилата на видеото се движат кон северозапад, во правец на украинскиот регион Донбас.
Вадим Денисенко, советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, изјави дека руската офанзива на Донбас „веќе е започната“ и предупреди дека Русија акумулира сили во регионот.