Антиќ ја доби дозволата за настап во кошаркарската репрезентација на Македонија

Од:

Перо Антиќ ја доби дозволата од НБА за настап во кошаркарската репрезентација на Македонија.

Иако неколку дена подолго од очекуваното, траеше процедурата за осигурувањето на капитенот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Перо Антиќ, тој и официјално од денеска доби „зелено светло“ од својот нов клуб НБА тимот Атланта Хоукс, за настап во црвено-жолтиот дрес.

Антиќ поради формалностите околу осигурувањето не настапи на двата контролни натпревари со Хрватска, одиграни во Славонски Брод и Загреб.

Кошаркарите кои вчера се вратија од Хрватска, претстојните три дена имаат одмор, а веќе в недела во СЦ „Борис Трајковски’’ ги продолжуваат подготовките за претстојното Европско првенство во Словенија што ќе се одржи од 4 до 22 август.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ