Синоќа, Советот на општина Центар ја одржа својата прва вонредна седница на местото, каде вандалски, велат од СДСМ, беше уништено паркчето пред хотелот Бристол. На седницата беа уредно повикани сите советници со писмена покана доставено со службена пошта и со СМС пораки.
Во текот на вчерашниот ден, Мирослав Шиповиќ, како претседател на Советот никој од советниците на ВМРО-ДПМНЕ не го известил дека нема да присуствува на седницата, ниту пак го известиле дека се случил физички напад врз некој од нивните советниците.
Откако седницата заврши во медиумите се појави изјава на советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Илиоски, опкружен со неколку советници. Во изјавата Илиоски тврди дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ биле спречени да присуствуваат на седницата вербално и физички од членови на ЛДП и СДСМ.
„Прашувам дали инцидентот, кој е тешко кривично дело, веднаш бил пријавен во полиција, имајќи во предвид дека Илиоски е правник, верувам дека тоа го сторил.
Покрај тоа, бидејќи точно посочуваат дека тоа биле членови на ЛДП и СДСМ ги повикуваме да ги идентификуваат со помош на полицијата и другите органи на власта.
Доколку во рок од 5 дена нема разврска на случајов, ќе сметам дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ предводени од Илиоски лажат. Во тој случај советничката група на Сојузот за иднината ќе поднесе тужба за клевета“, изјави Шиповиќ.