Кривични пријави против две лица од Арачиново поради „фалсификување пари“

Од:

СВР-Скопје до надлежното Основно Јавно обвинителство-Скопје  поднесе  кривични пријави против две лица од Скопје осомничени дека сториле серија кривични дела „фалсификување пари“.

Во првиот случај, соопшти денеска МВР, кривичната пријава е поднесена против С.А. (52) од селото Арачиново кој  во периодот од јануари до април 2013 година, на подрачје на град Скопје, извршил  шест кривични дела „фалсификување пари“ и тоа две на подрачје на општина Гази баба и по едно во општините Аеродром, Драчево, Петровец и Ѓорче Петров. Од страна на Истражен судија изречена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Кривичните дела ги извршил на идентичен начин, односно на Зелен пазар во Драчево, на Сточен пазар во Трубарево, како и во домовите на индивидуални производители, при плаќање на купените стоки (жито, овес и домашна ракија),  пуштил во оптек фалсификувани банкноти во апоени од по 500 и 100 евра. Со потврда за привремено одземени предмети, од страна на оштетените одземени се фалсификуваните банкноти и доставени за вештачење до Народна банка на Република Македонија, од каде што се добиени експертизи со кои се потврдува дека банкнотите се фалсификувани. Од страна на оштетените извршено е и препознавање, на кое  С.А. е препознаен како сторител на кривичното дело „фалсификување пари“.

Кривичната пријава е поднесена и против  С.Р. (52) од Арачиново, кој во  периодот  од февруари до јуни оваа година, на подрачјата на град Скопје, Тетово, Гостивар и Куманово, во домовите на индивидуални производители  во повеќето случаи на домашна ракија, потоа на садници  и на семки и сончоглед,  во шест наврати пуштил во оптек фалсификувани банкноти во апоени од по 500 и 100 евра, при плаќање на купените стоки од повеќе лица.

Инаку, од извршените проверки во крим евиденциите на МВР,  пријавениот С.А.  е регистриран сторител на кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството, за претходно извршено кривично дело „фалсификување пари“, за кое му е изречена казна затвор во траење од две години.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи