Имран Кан сменет од функцијата премиер на Пакистан

Од:

Долниот дом на пакистанскиот Парламент синоќа му изгласа недоверба на премиерот Имран Кан.

Опозициските партии обезбедија 174 гласа во Долниот дом, кој има 342 пратеника, со што имаа мнозинство за смена на Кан.

Кан повеќе нема да биде премиер, а Долниот дом сега ќе избира нов премиер и влада. Новиот премиер ќе може да остане на власт до октомври 2023 година, кога треба да се одржат нови избори.

Врховниот суд во четвртокот пресуди дека Кан постапил неуставно со блокирањето на гласањето за недоверба и го распушти Парламентот, а некои опозициски политичари го обвинија за предавство.

Премиерот подоцна во петокот изјави дека е разочаран од судската одлука, но ја прифатил.

Неколку минути пред гласањето, претседателот на Долниот дом на парламентот најави оставка, објави Би-Би-Си.

Членовите на партијата на Кан ја напуштија зградата, тврдејќи дека тој бил жртва на меѓународен заговор.

Имран Кан, кој дојде на власт во 2018 година со поддршка на армијата, неодамна го загуби парламентарното мнозинство кога сојузниците ја напуштија неговата коалициска влада.

Од независноста на Пакистан, ниту еден премиер не го завршил својот мандат, иако Имран Кан е првиот на кого му е изгласана недоверба.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан

Имран Кан e осуден на 14 години затвор

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица