Песков: Прославата на Денот на победата ќе се одржи како и досега

Од:

Прославата на Денот на победата на 9 мај ќе биде организирана како и досега, имајќи предвид дека тоа е свет празник за нашата земја, а составот на учесниците на парадата на Црвениот плоштад ќе го одреди руското Министерство за одбрана, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Празнувањето ќе го организираме како и досега. Тоа е најсветиот празник во нашата земја, тој беше и ќе биде свет празник за сите, истакна Песков, одговарајќи на прашања на новинарите на брифингот.

На прашањето дали војниците од самопрогласените „Народна република Доњецк“ и „Народна република Луганск“ и „новата руска армија од фронтот“ ќе учествуваат на парадата, тој одговори дека Кремљ не го знае составот на парадата на Црвениот плоштад, а списокот ќе го утврди Министерството за одбрана, кое навремено ќе обезбеди информација.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Зеленски ја обвинува Русија дека систематски регрутира кинески борци за војната во Украина

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина