Во Украина внатрешно раселени се над 7,1 милиони луѓе

Од:

Бројот на внатрешно раселени лица во Украина се искачи над 7,1 милион, додека нивниот број пред една недела изнесуваше околу 6,5 милиони луѓе, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

– Луѓето и понатаму ги напуштаат своите домови поради војната, а на терен продолжуваат да растат хуманитарните потреби, изјави генералниот директор на ИОМ, Антонио Виторино.

Според анкетите на ИОМ, повеќе од една третина од раселените домаќинства минатиот месец биле без приходи. Повеќе од половина од домаќинствата имале деца и постари лица кои живееле со нив. Хронично болните пациенти живееле во 30 проценти од домаќинствата.

Бројот на луѓе кои ја напуштиле Украина и заминале во други земји од почетокот на руската инвазија се искачи на 4,2 милиони, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за бегалци на ОН.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје