Скопјанец се борел за Исламска држава и врбувал други да се вклучат, поднесена му е кривична пријава

Од:

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 30-годишниот С.И. од Скопје, за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени параполициски формации” предвидено и казниво по член 322-а ст.4 од Кривичен законик, информира МВР.

– Од страна на ОСОСК, во август 2015 година, С.И., заедно уште со 34 други лица се кривично пријавени за кривично дело „учество во странска војска, полиција паравоени или параполициски формации„ (член 322 а, став 1 и 3), за што е осуден на 10 годишна затворска казна и во моментов се наоѓа на издржување на затворската казна во КПД Идризово. Со цел обезбедување на докази за сторени нови кривични дела од С.И., од страна на ОЈО за ГОКК до надлежните органи во Р.Косово е побарана меѓународна правна помош, при што од страна на Специјалното обвинителство на Р.Косово е доставен одговор со соодветни докази. Од доказите е утврдено дека на 25.07.2015 на социјална мрежа е објавена фотографија со испишан текст на албански јазик, со кој С.И. повикувал, врбувал и потикнувал лица да се приклучат на Исламска држава и да војуваат за неа. Пронајдени се и други објави во врска со кривичното дело, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР