ОН: Над 80.000 квадратни километри во Украина се минирани

Од:

Над 80.000 квадратни километри украинска територија се минирани, што ја прави земјата една од најминираните во светот. Ова се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Украина, повикувајќи се на податоци од ОН.

– Во Украина, за наследството од еден месец војна – во форма на неексплодирани убојни средства, нагазни мини и касетна муниција – ќе бидат потребни децении за да се реши, заканувајќи им се на животи долго откако пушките ќе замолчат, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш. Тој појасни и дека мините сега ја ограничуваат испораката на итна хуманитарна помош и ги спречуваат луѓето да избегаат на безбедно“.

Украинското МНР наведува дека по првиот бран на руска вооружена агресија врз Украина во 2014 година, било потребно да се исчистат околу 16.000 квадратни километри од регионите Луганск и Доњецк, денес, според прелиминарните проценки, станува збор за 80.000 квадратни километри од Украина.

Според ОН, „Украина е една од најминираните земји во светот. Дури и пред тековната воена офанзива, повеќе од 1,8 милиони луѓе од Донбас беа опкружени со мини осум години“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски