Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Рамазан Бајрам

Од:

ВМРО-ДПМНЕ им го честита големиот муслимански празник Рамазан Бајрам на сите граѓани на Република Македонија, припадници на муслиманската вероисповест без разлика на нивната етничка припадност.

– Им посакуваме празникот да го поминат во семејна радост, хуманост и хармонија, меѓу своите пријатели и соседи, со најискрени желби за успех и напредок. Деновите поминати во празнична радост се и денови кога се јакнат општоприфатените вредности на толеранција и меѓусебно разбирање, стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.

Овие денови, како што е наведено во честитката, се најдобар миг да ги зацрвстиме нашите вековни принципи на градење на мултиконфесионална и мултиетничка Македонија, во која нашите граѓани од секогаш знаеле да живеат едни со други, а не само едни покрај други, без разлика на нивната верска или етничка припадност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми