Шефот на руската вселенска агенција Роскосмос на Твитер објави сателитска снимка од седиштето на НАТО по повод годишнината од основањето на алијансата. Дмитриј Рогозин ги предупреди членките на НАТО да запомнат дека Русија ги набљудува од вселената.
„На 4 април 1949 година се роди НАТО – грдата ќерка на Студената војна. На својот роденден, НАТО може да се восхитува на својата канцеларија од сателитска снимка на вселенското летало Роскосмос. Столтенберг, кренете ја главата и поздрави со раката! Ве следиме. Имајте на ум“, напиша Рогозин.
4 апреля 1949 года родилась НАТО – уродливая дочка Холодной войны.
В свой день рождения НАТО может полюбоваться своим офисом с помощью спутникового снимка с космического аппарата Роскосмоса.
Столтенберг, подними голову и помаши ручкой! Мы за тобой наблюдаем. Имей в виду. pic.twitter.com/Yv8BqXxIgv— РОГОЗИН (@Rogozin) April 4, 2022
Рогозин потсети дека на 4 април 1949 година претставници на 12 земји – Белгија, Велика Британија, Данска, Исланд, Италија, Канада, Луксембург, Холандија, Норвешка, Португалија, САД и Франција го потпишаа Северноатлантскиот договор, пренесува РИА Новости.
„Така се роди НАТО – главната закана за целиот свет кој ја преживеа Втората светска војна“, рече Рогозин.