Израелски војници повредени во експлозија на либанската граница

Од:

Најмалку четири израелски војници се повредени во експлозија за време на операција во северниот дел на границата со Либан, соопшти денеска канцеларијата на портпаролот на армијата.

Војниците, меѓу кои има и тешко повредени, се пренесени во болница и оперирани, а еден од нив се наоѓа на интензивна нега.

Според израелските медиуми израелската армија редовно патролира долж границата со Либан, по војната против герилците на шиитски Хезболах во 2006 година.

Либанските медиуми информираа за две експлозии во регионот Накура по што следела пукотница.

Би можело да ве интересира

Израел се согласи на примирје со Хезболах

А1он

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија