Кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје на 8 август 2001 година во заседа животот го загубија 10-те прилепски резервисти на Армијата на Република Македонија за време на конфликтот.
Во Прилеп денеска почнуваат чествувањата. Попладне, од 17 часот семејствата на бранителите, соборци,
Семејствата, соборците и делегациите ќе ги посетат и спомен-обележјето во селото Лениште кај Прилеп и манастирот „Света Петка“ во селото.
Утре, на годишнината, како што е најавено, делегации ќе ја посетат месноста Карпалак. Во црквата „Свето Благовештение“ во Прилеп ќе се одржи панихида во спомен на загинатите бранители.
Централното чествување за 10-те прилепски бранители ќе биде утре напладне, во центарот на градот, пред споменикот во нивна чест. Утре ќе биде откриен и споменикот „Прилепски бранители“ кој се извишува среде кружниот тек на булеварот „Гоце Делчев“ кај Основниот суд. Модерно стилизираниот паметник ја симболизира вечноста на спомените и делата на сите прилепски херои.
На 8 август 2001 година армиски конвој составен од пет возила и 120 резервисти наиде на заседа кај месноста Карпалак. Во одбрана на независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на државата загинаа Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Горан Миноски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушидоски и Пеце Секулоски, сите од резервниот состав на АРМ од гарнизонот Прилеп.