Зеленски: Ова е геноцид, сакаат да не истребат

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека извршила „геноцид“ во Украина со цел да ја истреби „целата нација“, еден ден по откривањето на голем број тела на улиците на градот во близина на Киев по повлекувањето на руските сили.

„Да, ова е геноцид. Истребување на целата нација и народ, ние сме украински граѓани. Имаме повеќе од сто националности. Ова е уништување и истребување на сите овие националности“, изјави украинскиот претседател.

„И ова се случува во Европа во 21 век“ рече Зеленски и ја осуди „тортурата на целата нација“.

Украина ја обвини руската војска дека „свесно извршила масакр“ во Буча, каде што беа пронајдени тела по нејзиното повлекување, и бара истрага и гонење на сторителите, како што повикаа Human Rights Watch и западните претставници.

Претседателот Зеленски ја повика Русија „целосно да ги повлече своите сили“ за да се врати на ситуацијата пред 24 февруари, кога почна руската инвазија.

„Тоа ќе ни овозможи да започнеме да разговараме за други прашања за ставање крај на окупацијата, како ќе живееме потоа“, додаде тој.

„Не можам да одам ни на состанок додека трае гранатирањето. Значи, прво примирје, а потоа можам да се сретнам со рускиот претседател Владимир Путин“, порача Зеленски.

„Ние двајца ќе разговараме. Кога војната ќе заврши, а потоа ќе разговараме заедно за безбедносните гаранции и статусот на неутралност, зачувување на нашиот суверенитет и силна армија“, рече тој, потсетувајќи на предлозите на Украина во преговорите со Москва. .

„Ако тој договор се прекрши, ние мора да можеме да се браниме“, предупреди тој.

„Откако ќе ги завршиме преговорите, сите сили мора да се повлечат. А по нивното повлекување, можеме да седнеме на маса со земјите кои ќе бидат гаранти на безбедноста“, вели Зеленски..

Би можело да ве интересира

Зеленски: Русите подготвуваат голема офанзива

Зеленски: Сакаме праведен крај на оваа војна

Горан Наумовски

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски