Кадетската репрезентација на Македонија утре во Сараево ги почнува натпреварите на Европското првенство – Б дивизија во кошарка за играчи родени 1997/98 и помлади.
Прв противник на нашата селекција е Норвешка, а почетокот на дуелот е во 13 часот. Ова е еден вид отворање на првенството, кое ќе трае до 18 август.
Македонија е во групата А, од ривалите покрај Норвешка ги имаме уште: Португалија, Финска, Бугарија и Естонија. Двете првопласирани репрезентации во четирите групи ќе продолжат во четвртфиналната фаза, а само трите првопласирани на шампионатот ќе се изборат следната година да играат во А дивизијата.
На шампионатот учествуваат 22 репрезентации.