А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

МВР: Во Македонија нема кампови за обука на исламски терористи

by А1он07/08/2013 - 09:2007/08/2013 - 14:11245
Share0

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ја демантираше информацијата на руското радио „Гласот на Русија“, дека на Балканот и во западна Македонија има кампови во кои исламски терористи се обучуваат за самоубиствевни бомбашки напади.

Добивај вести на вибер

„Во континуитет ја следиме безбедносната состојба во Македонија, но и во регионот. Во моментот нема никаков посериозен ризик по безбедноста на граѓаните. Ние сме подготвени веднаш да реагираме и да неутрализирам било каква опасност и закана за безбедносната состојба“, изјави Иво Котевски, помошник министер во МВР за односи со јавноста.

Руското радио објави дека Муслимани од Балканот познати како „белите ѓаволи“ во Македонија, Албанија и Косово се обучуваат за извршување на самоубистени напади. Ова е со цел за да се создаде што побрзо обединета исламска држава на териториите на Босна, Албанија, Косово, Македонија, јужниот дел на Србија и на Црна Гора.

Според „Гласот на Русија“ на Балканот се спроведува исламистичкиот план „Европа 3000“.

Радиото се повикува на руски разузнувачки служби, според кои на неколку места на Балканот се обучуваат идни терористи под закрила на „хумитарни организации“ со пари од оружје и дрога. Целта е да се најдат Муслимани со словенски изглед кои подоцна лесно ќе се движат во Америка и Европа и ќе го спроведуваат планот за создвање исламистичка Европа.

Зад овие обуки, според радиото стои Албанската национална армија (АНА или АКШ). Тоа е всушност организацијата, која е наследник на УЧК.

mvr

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Горан Наумовски23/02/2026 - 13:32

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он18/02/2026 - 16:05

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он14/02/2026 - 19:25

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски13/02/2026 - 12:4413/02/2026 - 12:45

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски07/02/2026 - 15:1507/02/2026 - 15:17

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

Предраг Петровиќ31/01/2026 - 17:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен