Аеродром добива нов парк од 5.700 квадратни метри

Од:

Општина Аеродром ќе добие нов парк од 5.700 квадратни метри во Реонски центар Аеродром, значаен придонес во неговата изведба и уредување ќе биде обезбеден од страна на Шведска, а ќе го спроведе канцеларијата на УНДП, информира Општината.

„Шведска претставува најголем билатерален донатор меѓу ЕУ-земјите во нашата држава. Во посета на Аеродром вчера беше шведската амбасадорка Кристин Форсгрен Бенгтсон, која заедно со градоначалникот Тимчо Муцунски направија прошетка низ општината и обиколка на локацијата на која ќе биде поставен овој парк“, велат од Општина Аеродром.

Како што информираат од Општината, градоначалникот Муцунски на амбасадорката ѝ презентираше некои од врвните приоритети за развој на општината во наредниот период, меѓу кои највисоко место зазема и заложбата за чиста и здрава животна средина.

Оваа заложба се потврдува со тоа што предвидениот парк се наоѓа на локација на која до неодамна беа предвидени градежни маркици за изградба на станбени објекти, а по иницијатива на градоначалникот беа пренаменети во парк кој ќе зафаќа површина од 5.700м2, се наведува во соопштението на Општината.

Би можело да ве интересира

Аеродром, Гостивар и Сарај со В.Д. градоначалници до следните избори, помина Законот за локална самоуправа

Општина Аеродром: Град Скопје и ЈСП го оставија Долно Лисиче без градски превоз

Се нормализира состојбата во Аеродром по вчерашното невреме

Дејан Митески е новиот заменик-градоначалник на Општина Аеродром

Општина Аеродром: Нема бетонизација во Лисиче, ќе се гради една зграда и два парка

СДСМ: Муцунски и ДПМНЕ на шверцерски начин го изгласаа срамниот ДУП за бетонизацијата на Лисиче