Високата претставнична на ЕУ, Кетрин Ештон која ги предводи преговорите со Техеран за иранската нуклеарна програма, го повика новиот претседател на Иран, Хасан Рохани на нова рунда преговори, кои „имаат смисла“.
Во писмото во кое што му честита на инагурацијата, Ештон истакна дека тој добил овластување да се ангажира во дијалогот и соработка со меѓународната заедница, за да бргу се отстрани нејзината сериозна загриженост поради иранските нуклеарни активности.
Таа изразила подготвеност за продолжение на преговорите за побрзо решение и надеж дека нејзиниот тим, во кој се пет членки на Советот за безбедност при ОН и Германија, ќе можат со иранските преговарачи да закаже преговори кои ќе „имаат смисла“.
Истовремено, Рохани денес во своето прво обраќање откако во сабота официјално стапи на чело на државата, нагласи дека Иран е подготвен за сериозни преговори за нуклеарната програма со големите сили и тоа без одлагање.
-Ние сме народ кој што е подготвен на интеракција и преговори, со сериозност и без губење време, доколку другите страни се подготвени-изјави тој.
Елена Георгиевска