Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во февруари 2022 година. Таа се сведе на ниво од 4,33%, известува Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните депозити се задржа на истото ниво како и претходниот месец и изнесува 0,71%, велат од НБ.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следниот ЛИНК.