Албанската Централна изборна комисија денеска ги соопшти официјалните резултати од парламентарните избори одржани на 23 јуни, со што изборниот процес во Албанија конечно е завршен, јави дописникот на МИА.
Претседателката на Комисијата, Лефтери Леши лично ја прочита одлуката за поделба на мандатите меѓу двете изборни коалиции „Алијаса за европска Албанија“ предводена од социјалистите на Еди Рама и „Алијанса за работа, благосостојба и интеграција“ предводена од демократите на Сали Бериша.
Левата коалиција, рече Леши, освои 83, додека десницата предводена 57 пратенички мандати. Според неа, левата коалиција освоила 313.212 гласови од десниот блок.
Пред соопштувањето на резултатите, на седница на Комисијата, дошло до тензична ситуација меѓу претставниците на изборните коалиции.
Претставникот на социјалистите Генц Ѓончај ја обвини Комисијата дека намерно доцнела со објавувањето на резултатите, на што претставникот на демократите Иви Касо застанал во нејзина одбрана тврдејќи дека сторила се со цел избори да бидат според европските стадарди. <