Адвокатите на американскиот војник Бредли Менинг подготвуваат стратегија за намалување на евентуалната казна за нивниот клиент,кој е обвинет поради откривање на голем број тајни податоци на Викиликс.
Воениот суд ги разгледува предлозите додека трае судската постапка.
Судијата на американскиот воен суд Дениз Линд на 30 јули пресуди дека војникот Бредли Менинг, кој се товари за давање на доверливи податоци на Викиликс е виновен по 21 точка од обвинението, но ни и за најсериозната – помагање на непријателот. Тој е осуден за другите кривични дела, меѓу кои и шпионажа и кражба на доверлив материјал за што е предвидена вкупна казна во максимално траење од 136 години.
Неговите адвокати побараа судијата да спои две од шесте точки поврзани со шпионажата и две од петте за кражба. Ако судијата го прифати предлогот, можно е намалување на казната за 20 години.