Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека е скептичен во врска со ветувањето на Русија за намалување на воените активности во близина на Киев и Чернихив.
„Секако дека гледаме ризици вели Зеленск ии потенцира дека не гледа основа да верува во зборовите на претставник на држава која продолжува да се бори за наше уништување.
„Украинците не се наивни луѓе. Украинците веќе научија за време на 34-те дена од инвазијата и во текот на изминатите осум години од војната во Донбас дека може да им се верува само на конкретни резултати“, рече Зеленски.
Украинскиот лидер ги повика Украинците да останат внимателни и покрај тоа што изјави дека сигналите од мировните преговори со Русија биле позитивно.
„Руската армија сè уште има значителен потенцијал да го продолжи нападот врз нашата земја. Тие сè уште имаат многу опрема и доволно луѓе да испратат во војна“ – додава Зеленски.
.
Тој рече дека Украина нема да ги намали одбранбените напори.
„Непријателот се уште е на наша територија. Гранатирањето на нашите градови продолжува. Мариупол е блокиран. Ракетните и воздушните напади не престануваат. Ова е реалноста. Ова се фактите“ – потенцираше претседателот на Украина.
.