Најголема суша во САД во последните 50 години

Од:

Сушата која годинава ги зафати САД се смета за најголема во последните педесетина години, соопшти денеска Националниот центар за следење на климата во САД.

Според овие податоци, 55 отсто од континенталниот дел на САД е зафатен од суша, што се проценува од умерена до екстремна, а ваквите временсњки услови не се паметат уште од 1956 година.

Големите жештини што и натаму ги погодуваат САД доведоа до тоа 80 отсто од територијата да е целосно сува и го зафаќа, пред се, западниот дел на државата, Средниот Запад, како и целиот предел од Тексас до Монтана на север.

Од сушата е особено погоден родот на пченка и соја, а се проценува дека на крајот штетата ќе се мери со стотици милиони долари.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски