Тешко повреден пешак во Скопје, возачот избегал

Од:

Вчера попладне, околу 12 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од улицата „Александар Урдаревски“ со сервисна улица што ја поврзува со улицата „Петар Манџуков“, патничко возило удрило во 67-годишниот С.С. од Скопје, по што го напуштило местото на настанот, информира МВР.

С.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

Пет лица се повредени во сообраќајка на три возила на патот Прилеп – Битола

Горан Наумовски

Руско семејство со дете е повредено на автопатот во близина на Бања Лука

Пронајден и приведен e 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Најмалку осум лица загинаа во две сообраќајни несреќи во Унгарија