Во Општина Аеродром почна изградбата на две нови паркиралиштата со вкупен капацитет од околу 140 паркинг места кои ќе бидат лоцирани лево и десно од трафостаницата на ЕВН „Кец Аеродром“, во непосредна близина на паркот „Аеродром“, како и до фудбалското игралиште и ќе бидат целосно осветлени.
На денешната прес-коференција градоначалникот Ивица Коневски посочи дека Општина Аеродром продолжува да се справува со проблемот со кој се соочуваат жителите од урбаниот дел со недостигот од паркинг простор.
– Паркиралиштето што се гради до фудбалското игралиште е со вкупна површина од околу 2.000 квадратни метри, со капацитет од околу 100 паркинг места, од кои три паркинг места ќе бидат наменети за лица со посебни потреби.
– Вториот паркинг што се гради во близина на паркот „Аеродром“ е со вкупна површина од 1.300 квадратни метри и со капацитет од околу 40 паркинг места, од кои две паркинг места се наменети за лица со посебни потреби, изјави Коневски
Паркирањето на двете паркиралишта ќе биде бесплатно.