СДСМ: Цехот на аздисувањето на градоначалникот Стефковски го плаќаат дечињата

Од:

„Додека градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски се расфрла со парите на граѓаните, цехот на неговото аздисување го плаќаат дечињата од основното образование. Денеска, учениците во Основното училиште Стив Наумов во општина Гази Баба ќе го миинат училишниот ден без струја и со сув оброк“, соопшти СДСМ.

„Заради неспособноста и расипништвото на Стефковски стотина дечиња од ОУ Стив Наумов денеска ќе бидат без топол оброк и без елементарни услови за следење на наставата.

Стефковски како и останатите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ не работи во интерес на граѓаните, туку се грижи единствено за личните и партиските интереси“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт