Јапонија забранува извоз на луксузна роба во Русија и не сака да плаќа во рубљи

Од:

Јапонија најави забрана за извоз на луксузна роба во Русија од 5 април, соопшти Министерството за економија, трговија и индустрија.

Меѓу другото, забранет е и извоз на луксузни автомобили, алкохол, козметика, модни предмети, уметнички дела.

Генералниот секретар на јапонската Влада, Хироказу Мацуно изјави дека од јапонските компании ќе се бара да одбијат, доколку Русија им побара да платат во рубљи за економски трансакции, особено во енергетскиот сектор.

Русија минатата недела побара „непријателските“ земји да плаќаат за гас во рубљи, а не во евра, откако САД и европските сојузници воведоа санкции за земјата.

На листата на санкции на Токио има 101 лице и 130 правни субјекти од Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади