Волстрит џурнал: Абрамович и украински преговарачи со симптоми кои укажуваат на можно труење

Од:

Рускиот олигарх Роман Абрамович и украински мировни преговарачи имаа симптоми што укажуваат на можно труење по состанокот во Киев претходно овој месец, јави Волстрит Џурнал, повикувајќи се на лица запознаени со ова прашање.

По состанокот во украинскиот главен град, Абрамович, кој патуваше до Москва, Лавов и другите места за преговори, како и најмалку двајца високи членови на украинскиот тим, развија симптоми кои вклучуваат црвени очи, постојано и болно солзење и лупење кожа на лицата и рацете, изјавија лица кои се запознати со настаните.

Тие за осомничениот напад ги обвинија тврдокорните во Москва за кои рекоа дека сакале да ги саботираат разговорите за ставање крај на војната. Лице блиско до Абрамович рече дека не е јасно кој ја таргетирал групата, посочува весникот.

Абрамович и украинските преговарачи, меѓу кои е и пратеникот Рустем Умеров, оттогаш се подобро и нивните животи не се во опасност.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој се состана со Абрамович, не бил погоден, велат тие. Портпаролот на Зеленски рече дека нема информации за сомнително труење.

Западните експерти кои го разгледаа инцидентот велат дека е тешко да се утврди дали симптомите се предизвикани од хемиски или биолошки агенс или од некаков напад со електромагнетно зрачење, велат луѓето запознаени со ова прашање, пишува Волстрит џурнал.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници