Игли во сендвичи на авиокомпанијата „Делта ерлајнс“

Од:

Американската авиокомпанија „Делта ерлајнс“ и ФБИ се обидуваат да дознаат како се нашле игли во сендвичи сервирани за време на четири лета од Амстердам кон различни американски градови, при што еден патник е повреден, но одбил да му се укаже медицинска помош.

Игли за шиење биле пронајдени во неделата во пет сендвичи, кои биле приготвени во Амстердам од една компанија за кетеринг, која изјавила дека не знае како може иглите да се најдат во сендвичите.

Портпарол на авиокомпанијата истакна дека „Делта ерлајнс“ ја зајакнала контролата врз храната во авионите и додека трае истрагата ќе служи повеќе спакувана храна.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски