Синот на легендарниот Михаел Шумахер, Мик имаше страшен судир во квалификациите за Големата награда на Саудиска Арабија. Тој изгуби контрола над болидот, по што силно удри во заштитната ограда. Како што соопшти неговиот тим, Мик е свесен и излезен од болидот, кој беше преполовен кога беше отстранет од патеката. Возачот превентивно ќе биде упатен на медицински прегледи.
Duro golpe de Mick Schumacher en la Q2 que generó bandera roja en Arabia Saudita.
Aún no hay información sobre el estado de salud del piloto? pic.twitter.com/l45Xje12U0
— Carburando (@CarburandoTV) March 26, 2022
Мик Шумахер има 23 години и е возач на Хаас од минатото лето, откако ги освои титулите на Ферари во Формула 2 и 3.
Скијаше со својот татко кога седумкратниот шампион и најдобар возач на сите времиња доживеа тешка повреда на мозокот во 2013 година.