Русите зазедоа уште еден град, во Мариупол се водат улични борби

Од:

Руските сили зазедоа уште еден град

Руските сили го зазедоа Славутич, градот во кој беа сместени работниците на изгаснатата нуклеарна централа Чернобил, изјави гувернерот на киевската област Олександр Пављук.

Пављук рече дека руските сили ја окупирале болницата во Славутич и го киднапирале градоначалникот. Ројтерс информираше дека не добил независна потврда за овие тврдења.

Вчера локалните власти соопштија дека Славутич е „целосно изолиран“, а руските сили се веднаш надвор од границите на градот.

Улични борби во Мариупол

Повеќе од 100.000 луѓе треба да бидат евакуирани од опколениот град Мариупол, изјави украинската вицепремиерка Верешчук во телевизиско обраќање.

Градоначалникот на Мариупол, Вадим Боиченко изјави дека ситуацијата во опколениот град е ужасна и дека во самиот центар се водат улични тепачки.

Обраќајќи им се на учесниците на Форумот во Доха во Катар, украинскиот претседател Володимир Зеленски го спореди уништувањето на Маирупол со уништувањето на градот Алепо кое заеднички го изведоа сириски и руски воени сили.

Би можело да ве интересира

Орбан пристигна во Москва кај Путин

Катерина Ѓуровски

Украинците се повлекоа од дел на Часив Јар

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Страотен руски напад на Днепар, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украинците го нападнаа клучното пристаниште во Русија со поморски дронови

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русите уништија пет украински авиони Су-27

(ВИДЕО) Ненадејна посета на Орбан кај Зеленски: „Побарав прекин на огнот и преговори“

Катерина Ѓуровски