Министрите за одбрана на САД и Азербејџан, Чак Хејгел и Сафар Абијев, вчера разговараа за ситуацијата во Авганистан, борбата против тероризмот и изгледите за решавање на иранскиот нуклеарен проблем, се наведува во соопштението на Пентагон.
Хејгел изрази благодарност до својот колега за продолженото учество на Азербејџан во Меѓународните сили за поддршка на безбедноста во Авганистан (ИСАФ) и за тоа, дека дозволува користење на својата територија за транзит на стоки за Авганистан.
Двајцата министри изразиле согласност за продолжување на заедничката работа на прашања, вклучително заеднички операции на вооружените сили на НАТО и Азербејџан, борбата против тероризмот, промените во областа на одбраната и безбедноста по море.
Шефор на Пентагон, во однос на неодамнешното именување на Хасан Рохани како нов ирански претседател, истакна дека Техеран треба да преземе брзи мерки со цел да ја отфрли длабоката загриженост на меѓународната заедница во однос на неговата нуклеарна програма.