Египет: Нема затворска казна за навреда на претседател

Од:

Привремениот лидер на Египет, Адли Мансур објави декрет со кој ја укина затворската казна за навреда на претседател.

Мансур декретот го објави поради голем број случаи започнати во текот на едногодишното владеење на претседателот Мохамед Морси, кој е отповикан на 3-ти јули.

Чекорот на Мансур го поздравија активистите, додека организацијата за човекови права смета дека навредата на претседателот не треба воопшто да се смета за прекршок.

Според невиот декрет, оние кои што ќе бидат обвинети за навреда на претседател ќе се соочат со парична казна од 4.300 долари. Претходно за тој престап можеше да добијат до три години затвор.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски