Британската осигурителна компанија „Лојдс“, вети награда од милион евра за информацијата со која полицијата би дошла до украдениот накит од хотелот „Карлтон“.
Вредноста на украдениот накит се проценува на 103 милиони евра.
-Лицето кое прво ќе даде информација, која ќе резултира со пронаоѓање на накитот, ќе добие милион евра-соошти „Лојдс“.
Вооружениот крадец на 28-ми јули во луксузниот хотел „Карлтон“ ја извршил една од најголемите кражби во историјата.
Елена Георгиевска