Жилберт Унгбо, политичар и дипломат од Того, е избран за нов генерален директор на Меѓународната организација на трудот (МОТ), што е првпат Африканец да ја преземе оваа позиција.
Унгбо, претседател на Меѓународниот фонд за развој на земјоделството, е избран меѓу петте кандидати и ќе го замени Гај Рајдер, кој го завршува својот втор петгодишен мандат на чело на МОТ.
Унгбо на 1 октомври ќе ја преземе водечката позиција во Меѓународната организација на трудот, чие седиште е во Женева.
Извор: МИА