Централната банка на Русија одговори на замрзнувањето на резервите, воведе ограничувања на Западот

Од:

Русија примени реципрочна мерка и го ограничи готовинскиот тек кон „непријателските земји“ како одговор на замрзнувањето на дел од нејзините резерви, соопшти денеска руската централна банка.

Банката на Русија потсетува дека како одговор на западните санкции, Владата веќе забрани продажба на хартии од вредност на странски инвеститори и повлекување средства од рускиот финансиски систем.

„Покрај тоа, исплатата на корпоративниот долг на руските компании и јавниот долг кон доверителите од земјите кои поддржуваат санкции против Русија ќе се врши само со дозвола на владината комисија.

Со други зборови, како одговор на замрзнувањето на дел од резервите на Русија, Русија воведе и ограничувања за движењето на средствата кои би можеле да бидат префрлени во непријателските земји за споредлива сума“, се вели во соопштението на Банката на Русија.

Според податоците на руската централна банка, на 18 февруари, меѓународните резерви на Русија достигнаа рекордни 643,2 милијарди долари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Путин бараше преговори на кои не доаѓа, условите за Украина се полоши од 2022

ВИДЕО: Преговори во Истанбул, Зеленски е таму, но не и Путин и Трамп

ВИДЕО: „Естонците се обидоа да го нападнат рускиот танкер, а потоа се појави Су-35“

Русите вечерва ќе соопштат кој ќе оди на преговори во Турција

ЕУ одобри нов пакет санкции против Русија, насочени кон руската „флота во сенка“ и компании од Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ќе оди ли Путин на преговори, Зеленски ќе чека во Анкара кај Ердоган

Катерина Ѓуровски