Европскиот совет до Русија: Воените злосторства мора да запрат

Од:

Европскиот совет ја повика Русија веднаш да ги запре своите воени злосторства во Украина.

Според ЕС, Русија насочува напади на цивили и цивилни објекти, како болница, здравствена установа, училиште и засолниште.

„Воените злосторства мора да запрат“, наведува ЕС во документи, споделени на интернет од страна на портпаролот на претседателот на Советот.

Во документите пишува и дека „одговорните и нивните соучесници ќе бидат повикани на одговорност, согласно меѓународното право“.

Советот ја повика Русија да гарантира безбеден премин за цивилите заробени во воени зони, до таму каде што тие ќе одредат, како и да обезбеди пат за хуманитарна помош во опколени градови како Мариупол.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски