(ВИДЕО) Драматично обраќање на Зеленски до Европа: Благодарам за санкциите, но предоцна е

Од:

Украинскиот лидер Володимир Зеленски им се обрати на шефовите на држави на самитот на Европскиот совет во Брисел.

Тој прво зборуваше за уништувањето на земјата од Русија и за штетите на неговата земја и се заблагодари на Европа што се обедини во поддршката на Украина.

„Руската војска не гледа што е достоинство. Тие не знаат што е совест. Тие не разбираат зошто толку ја цениме нашата слобода. Тоа е она што одредува како ќе живее земјата“ – рече Зеленски.

Тој рече дека Русија веќе уништила 230 училишта, 155 градинки и убила 128 деца во Украина.

„Цели градови, села. Само пепел. Нема ништо. Руската војска уби и новинари. Иако имаа обележја дека се претставници на медиумите. Можеби не се научени да читаат. Само да убиваат“, рече тој.

Во неговиот карактеристично искрен стил, пишува Би-Би-Си, Зеленски им рече на европските лидери дека реагирале предоцна за да ја запрат Русија.

„Воведовте санкции. Ние сме благодарни. Ова се силни чекори. Но, беше малку доцна… имаше шанса“, рече тој, додавајќи дека доколку имаше превентивни санкции, Русија можеби немаше да влезе во војната.

Зеленски потоа ги молеше соседните нации да ја одобрат кандидатурата на Украина за ЕУ.

„Еве ве молам – не доцнете“, им рекол тој.

Зеленски во своето обраќање им се заблагодари на земјите-членки за поддршката, но не и се заблагодари на Унгарија, повикувајќи го унгарскиот премиер Виктор Орбан да одлучи за неговиот однос кон Русија.

„Размислувате да воведете санкции или не? Се двоумите дали ќе пуштите оружје низ вашата земја или не? И се двоумите дали ќе тргувате со Русија или не? Нема време за двоумење. Време е да се одлучи“ – му прача Зеленски на Орбн.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски