Речиси 30 лица се префрлени денеска в болница по истекување на штетни гасови во базенот на лондонскиот Олимписки парк „Кралица Елизабета“, соопштија локалните служби за итна помош.
Лондонската итна медицинска помош го опиша тоа како голем инцидент и испрати 13 екипи во Олимпискиот центар, по што 29 пациенти се хоспитализирани, а уште 48 беа прегледани на самото место.
Како што е наведено, повеќето пациенти пријавиле помали проблеми со дишењето.
Од противпожарната служба велат дека овој инцидент, кој се случи околу 10 часот по локално време, кога поради хемиска реакција било испуштено големо количество хлор, а од загрозеното подрачје се евакуирани над 200 лица.
Извор: МИА