Јеремиќ на комеморација во Хирошима

Од:

Меѓународната заедница не смее да отстапи од ослободување на светот од нуклеарното оружје, изјави денеска во Токио, претседателот на Генералното собрание на ОН, Вук Јеремиќ.

Тој по повод 68-годишнината од атомскиот напад на Хирошима, рече дека преку ноќ не може да се случи потполно нуклеарно разоружување, но дека тоа не значи дека треба да се откажат од задачата.

Претседателот на генералното собрание на ОН, во текот на официјалната посета на Јапонија се сретна со премиерот Шинзо Абе, со кого разговараше за низа меѓународни теми, од реформите на Советот за безбедност на ОН до интензивирање на соработката помеѓу Јапонија и Србија.

264790_hirosima-02-afp_f

Јеремиќ на својот профил на „Твитер“ напиша дека му претставува задоволство да биде прво официјално лице од Србија, кое утре со премиерот на Јапонија ќе се обрати на комеморацијата.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови