Едно лице загина при напад со беспилотно летало врз станбена зграда во Киев, објавија западните медиуми, додавајќи дека цел на неколку дронови „камикази“ била зградата на Националната академија на науките.
Спасувачките екипи пронашле човечко тело во воена униформа во седумкатница од која се уште излегува чад.
Украинските војници присутни во тој дел на Киев пријавиле напад со беспилотни летала на руската армија и тврдат дека собориле еден дрон.
Другите летала, во форма на крила широки околу еден метар, биле скршени на два дела. Тие се видливи на копно во близина на погодената зграда.
Неименуван воен претставник изјави дека станува збор за летала „Орли“, додавајќи дека три лица се убиени. Сепак, веста за тројцата смртни случаи не е потврдена од други извори.
Во Киев од вчера до утре изутрина во сила е полициски час.
Извор: МИА