Германскиот претседател и неговата сопруга се позитивни на Ковид-19

Од:

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер е позитивен на коронавирус, соопшти денеска кабинетот на шефот на државата, во момент кога стапката на нови инфекции во земјата е постојано висока.

Споругата на Штајнмаер, Елке Буденбендер, исто така, е позитивна на Ковид-19 и двајцата имаат благи симптоми и веднаш се изолирани.

Штајнмаер е претседател на Германија од 2017 година, а во февруари беше реизбран за втор петгодишен мандат, откако претходно двапати беше министер за надворешни работи во владата на канцеларката Ангела Меркел и шеф на кабинетот на нејзиниот претходник Герхард Шредер.

Германија моментално е во процес на отстранување на повеќето мерки за ограничување на борбата против коронавирусот и покрај постојаното зголемување на бројот на заразени.

Националниот центар за контрола на болести соопшти дека во изминатите 24 часа биле пријавени повеќе од 222.000 нови инфекции и 264 смртни случаи, со што вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата достигна 127.193.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“