Австрија: Во услови на војна во Украина, да не ги заборавиме земјите од Западен Балкан

Од:

Во услови на војната во Украина, австриската министерка за европски прашања Каролине Едштадлер денеска се заложи за напредок во процесот на пристапување во ЕУ на земјите од Западен Балкан

– Токму сега не треба „да направиме грешка и да ги заборавиме земјите од Западен Балкан“. Напротив, треба да ги „врземе за ЕУ уште побрзо и поблиску, рече Едштадлер.

– Овие земји припаѓаат на Унијата не само географски, туку и според нивната вредносна конструкција, изјави Едштадлер денеска во Брисел пред средбата со нејзините колеги од ЕУ.

– Тоа е прашање на безбедност на Европа, но е и прашање на кредибилитет, нагласи министерката. Овие земји со децении го чекаат следниот чекор во пристапниот процес, потенцира таа.

Австрија, продолжува Едштадлер, „подолго време повикува нешто да се направи, особено кога се во прашање Северна Македонија и Албанија“. Двете земји го чекаат почетокот на пристапните преговори, што ЕУ начелно им го вети.

Земјите како Австрија и Германија долго време повикуваат на опиплив напредок во приближувањето кон ЕУ за шесте земји од Западен Балкан Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Албанија и Северна Македонија. Од друга страна, другите земји – како Франција – се повеќе на сопирачките. Заморот од проширувањето на ЕУ се повеќе предизвикува фрустрација во регионот, оценува австриската јавна телевизија ОРФ.

Во однос на војната во Украина, Едштадлер го истакна единството на Европската унија кон надворешниот свет. Темата повторно ќе биде отстранување од зависноста од енергетските резерви на Русија. На прашањето за петтиот пакет санкции на ЕУ против Русија, Едштадлер одговори дека сега е важно „од една страна да се задржи ладна глава“, а од друга страна да се пренесе силата кон надворешниот свет. Австрија ги поддржа сите претходни санкции, додаде таа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вархеј: Првите исплати на средства од Планот за раст ги очекуваме во текот на овој месец

Премиерот Мицкоски присуствуваше на работен ручек со Фон дер Лајен и колегите од Западен Балкан

ЕУ одобри 1,2 милијарди евра за инфраструктура во Западен Балкан

Кој ќе добие над 50.000 евра мора да е јавно објавен – Одобрени шест милијарди евра за Западен Балкан

Анита Петровска Рајковиќ